Вчера и официјално беше претставен новиот мобилен џин Sony Xperia Z Ultra
кој има рекордно голем екран од 6.4 инчи и е на границата од таблет со
просечна големина од 7 инчи. Sony умешно го користи името на нивниот
најдобар телефон годинава Sony Xperia Z, но дали истата магија е
повторена и кај овој мега фаблет.
Прво тоа што најмногу не воодушевува е супер осетливоста на екранот кој
ќе го промени начинот на кој ги користиме телефоните. Не само што на
него може да пишувате со функвионално пенкало, туку може да пишувате и
со обичен молив, што е огромна предност уште на стартот во однос на
Samsung Galaxy Note II, како и неговиот наследник кој треба да се појави
во септември.
Екранот со големина од 6.4 инчи е многу поквалитетен
и од Full HD дисплејот од 5 инчи на Sony Xperia Z, што значи дека се
работи за уште еден рекордер во оваа категорија. Неговата осветленост и
деталност се навистина за пофалба и се подобро изразени од било кој друг
хибриден уред со слична големина.
Втората предност на Sony Xperia Z Ultra е во неговиот моќен хардвер и
претставува првиот смартфон кој работи на четири-јадрен процесор
Qualcomm Snapdragon 800 со неверојатна брзина од 2.2 GHz, на што може да
позавиди и неприкосновениот Samsung Galaxy S4.
Од останатите предности на Sony Xperia Z Ultra се издвојуваат и
неговата водоотпорност, како и квалитетната камера од 8 мегапиксели со
Exmors сензорот. Sony Xperia Z Ultra ќе започне со продажба од наредниот
месец по цена од околу 600 евра.