“Најден почина ноќта меѓу саботата и
неделата во три часот, едноставно срцето престана да му работи, како да
доживеа инфаркт. Сето она што претходно му било направено си го направи
своето, бебето имаше преживеано преголема траума, дополнително и тоа што
му ставивме трахеостома, се подготвувавме да му ставиме и гастростома
за да го храниме. Премногу работи му се собраа, премногу траума. Не
можеше повеќе”, изјави за “Нетпрес” доктор Аспазија Софијанова,
директорката на Детската Клиника, додавајќи информацијата за неговата
смрт е објавена дури денеска бидејќи вчера ниту таа не била способна да
зборува за згаснувањето на животот на Најден.
“Жалам како за свое дете”, додава
директорката на Детската Клиника која во изминативе месеци покажа
несебична грижа за Најден и безусловна подготвеност да му се помогне на
секој начин.