Најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан, сигурно е најголемиот натпреварувач што некогаш чекорел по кошаркарските терени. Иако наполни 50 години, Џордан сè уште има што да покаже на теренот, како и во целата негова кариера кога забиваше без никаков проблем.
Во неговиот камп за кошарка, кој се вика „Школа за летање“ според неговиот прекар „Air“, тој уште еднаш ја демонстрираше својата умешност, како и играта еден на еден.