После низата шпекулации за бременост и венчавка, актерката Џенифер Анистон одлучила на јавноста да и ја каже вистината.
Таа гостувала во австралиското шоу „Kylie&Jackie O“ и ги демантирала сите можни трачеви.
„Овој викенд наводно се омажив тајно“, се пошегувала Џенифер Анистон реферирајќи на сите трачеви кои во последно време се појавија во јавноста.
„Сето тоа се само шпекулации. Не се венчавме, а кога ќе се венчаме? Кога ќе имаме време“, додала Џен и се осврнала на шпекулациите за бременоста.