Ексклузивно интервју со менаџерот на Сахара: Џумајлија е реалност, резултати уште годинава!

Голем беше интересот за случувањата со Сахара проектот за земјоделство, се прогнозираше за вложените средства, за она што ќе се направи таму.

Sahara-kurir
Индиската компанија „Сахара Груп“ денеска со индиски и православни обичаи за бериќетна работа официјално ја започна реализацијата на проектот за реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“, инвестиција вредна над 200 милиони евра.
Во ексклузивно интервју за Курир генералниот менаџер на Сахара Пјур, А.П. Сина ги открива деталите за проектот со голема важност.
Курир: Сахара официјално го презеде агрокомбинатот. Колку пари беа вложени и за која намена?
Сина:  Млекараницата и фармата на Сахара ќе биде пример за регионот како е да се има фарма и производство со голем сточен фонд. Во следните три години ќе се инвестираат 211 милиони евра. Сахара ќе инвестира 60 милиони евра во првите осум месеци, во наредната година ќе инвестира 70 милиони евра и разликата во последните 6 месеци во период од три години. Инвестицијата се однесува на изградба на фарма за добитокот, оддели за механичко молзење, високо технолошка млекарница, како и објекти за производство на сточна храна; потоа набавка на најсовремена опрема за одгледување и следење на животните, молзење, опрема за преработка и производство на млечни производи и опрема за сточна храна; купување на  крави со висок принос на млеко со цел ефикасно производство на млеко, увезени од земји одобрени од ЕУ како и набавка на опрема за енергетска ефикасност и заштита на човековата околина.
Курир: Како вашата инвестиција ќе влијае врз македонската економија?
Сина: Нашата инвестиција ќе влијае позитивно на македонската економија и ќе имаат бенефит, владата и граѓаните. Ќе се вработат 2000 лица од Македонија, ќе има соработка со локалното население и фармерите, а со производството на млеко и извозот ќе се намали трговскиот дефицит на земјата.
Курир: Индискиот бизнисмен најави и дека планира да изгради современа млекарница од која ќе се извезуваат млеко и млечни производи покрај во Балканските земји и во Средниот исток, Северна Африка. Колку е ова остварливо и кога ќе се почувствуваат првите резултати?
Сина: Големите проекти не се прават преку ноќ. За тоа треба време и стрпливост. Првите резултати со конечен производ треба да се остварат до крајот на следната година, а потоа секоја година ќе има нови резулати. Многупати ме прашуваат дали овој проект е остварлив. Јас имам еден одговор – ако на многу места во светот постојат вакви фарми што не и овде, зошто не во земја каде населението е ориентирано пред се кон земјоделие. Се е можно ако имате средства, знаење и начин како да го реализирате планот. Ние тоа го имаме.
Курир: Скептиците своите критики ги насочија кон овој проект. Што беше пресудно за да се одлучат сопствениците на ваква инвестиција токму во Македонија?
Сина: Одличните услови за земјоделие кои овозможуваат постигнување на големи приноси. Одличните услови за инвестирање, поволностите што ги нудите на странските инвеститори се доволна причина за да се започне бизнис во оваа земја. Скептици секогаш ќе има. Не може сите секогаш да бидат задоволни. Но, ние знаеме дека овој проект ќе биде брзо реалност.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О