Победникот на минатонеделниот
турнир во Монтреал, Рафаел Надал со многу напори синоќа го совлада
Григор Димитров за пласман во четвртфиналето. Надал славеше победа од
2:1 во сетови (6:2; 5:7 и 6:2) и со тоа воедно се избори за меч со Рожер
Федерер.
Ниту Федерер немаше лесна задача во 3. коло бидејќи и тој во три сета (2:1) успеа да слави победа над Томи Хас.
За разлика од нив двајцата Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј немаа проблеми со
своите ривали. Ѓоковиќ на Давид Гофин му препушти само два гема (6:2 и
6:0), додека Мареј го победи Жулиен Бенето со 6:2 и 6:2. Тешка победа од
2:1 во сетови постигна и Хуан Мартин Дел Потро против Фелицијано Лопез.
Денеска на програмата се четвртфиналните дуели каде секако најголемо
внимание привлекува пресметката Надал – Федерер, а играат уште Ѓоковиќ –
Џон Изнер, Дмитри Турсунов – Дел Потро и Мареј – Томаш Бердих.