Плоштадот се лепи од повраќаници

Плош­та­дот Македонија пожолте од флеки. Секоја ноќ околу фонтаната на Александар Македонски скопјани газат повраќаници и флеки од сокови и од сладоледи.
Под клупите на плочникот се трупаат лушпи од семки и од сончоглед, а од корпите се развлекуваат кеси и догорчиња. Тие се раз­не­су­ва­ат и до улица Македонија и до Камениот мост, оти врз нив по­ми­ну­ва­ат туристичкото вовче и кочијата која, поради топлото време, вози само на­ве­чер.
Скоп­ја­ни коментираат дека флеките на плочките и натрупаното ѓубре се ло­ша слика за туристите и за граѓаните што секојдневно доаѓаат да ги раз­гле­ду­ва­ат новите објекти.
Од јавното претпријатие "Комунална хигиена" велат дека Плоштадот мак­си­мал­но  го чистат 24 работници, распоредени  во три смени.
"Тие метат и ги празнат корпите со раце, но има и три до четири цистерни кои го мијат Плоштадот во трета смена. Плус имаме и метларки кои, пок­рај работниците, машински го метат и го собираат ѓубрето од плочките. Оваа постапка се повторува секој ден и секоја ноќ", изјавија од ЈП "Ко­му­нал­на хигиена".
От­та­му нагласуваат дека освен Плоштадот, комуналците чистат и околу Пор­та­та, на делови од улицата Македонија, на Орце Николов, Максим Гор­ки, Камениот мост и новиот плоштад Филип Втори. 

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О