Кралот на кошарката го покажал совршеното мускулесто тело

Супер ѕвездата на "Miami Heat", попознат како Кралот Џејмс, синоќа покажал дека е сопственик на совршено мускулесто тело, па затоа и не треба да зачудува фактот што погледите на сите присутни на плажите во Мајами биле насочени токму кон него.
Дваесет и осумгодишниот легендарен кошаркар ЛеБрон Џејмс го покажал своето совршено мускулесто тело за време на снимањето на најновата реклама за Најк на плажите во Мајами. Со својата висина од 2,03 метри, мускулестите раце и нозе и совршените "плочки на стомакот", Кралот Џејмс бил и тоа како интересна глетка на песочните плажи.


Најпрво, ЛеБрон бил фотографиран како возел велосипед заедно со цела мала армија од обожаватели, а потоа скокнал во водите за да се разлади, притоа покажувајќи ги и мускулите, но и бројните тетоважи.

Кошаркарската ѕвезда, кој неодамна потпиша импресивен договор за спонзорство со Најк во вредност од неверојатни 90 милиони долари, покажал дека навистина одлично се забавувал за време на снимањето на рекламата, во градот во кој што стана и култна ѕвезда.


ЛеБрон, кој што го изненади и Коби Брајант откако беше прогласен за најдобро платен кошаркар во 2013 година, со плата од неверојатни 56 милиони долари, живее во една од најелитните населби во градот.

Славниот кошаркар е татко на две деца кои што ги добил од врската со својата девојка уште од средношколските денови Савана Бринсон, Леброн Јуниор (8) и Брус (6), а парот планира да ја круниса својата љубов со брак веќе следниот месец, во Сан Диего.


Кошаркарската ѕвезда потекнува од Охајо, а познат е и по хуманитарната работа далеку од кошаркарскиот паркет, па тој е активен и во својата добротворна фондација наречена "LeBron James Family Foundation", со седиште во неговиот град.










ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О