Роби Вилијамс синоќа го забавувал до последно место преполнетиот
загребски стадион Максимир, а во еден момент, во свој стил, на публиката
ѝ се пофалил со големината на својот полов орган, со забелешка дека
домаќините го советувале дека тоа е најсигурниот начин да ги освои
Хрватките. Иако еден час пред почетокот на концертот почнало да врне,
настапот воопшто не доцнел, пишува Индекс.
Дождот кој паднал пред почетокот на концертот и врнел речиси цело време,
воопшто не пречел на журкањето на публиката, ниту пак на Роби, кој на
сцената се спуштил со сајла.