Сите влезници за денешниот натпревар помеѓу Македонија и Литванија во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје се продадени, па билетарниците ќе бидат затворени во текот на денешниот ден.
Од КФМ апелираат сите што веќе купиле Е-Билети преку системот на
МК-Тикетс, а се уште не ги подигнале, ги замолуваме да ги подигнат
своите влезници од билетарата на СЦ „Борис Трајковски“ најдоцна до 18.00
часот.