Google нема време за иновации

Раководството на Google се реши да ја прекине програмата за иновации според која вработените требаше да одвојуваат 20% од своето време на развојни проекти, додека пак останатите 80% проценти од времето да бидат посветени на одржување и подобрување на постојните сервиси и програми.
 
 
На овој начин им се скратува можноста на вработените да работат на сопствените проекти и идеи со ресурси на компанијата еден ден во работната недела. Фокусот мора да биде ставен на Gmail, AdSense, GTalk, Google Sky и Google News. Ваква слична политика има Apple каде им е дозволено на вработените да ги развиваат своите иновации.
 
 
Според раководството на вработените им е се потешко да создаваат иновации, па затоа и времето потрошено на нив не се исплати. Затоа идниот развој на иновациите на Google целосно ќе биде препуштен на X Labs иако овој оддел се сметаше за многу напреден кој работи на проекти и експерименти од иднината, наместо на цели кои се брзо и лесно остварливи.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О