Позната цената на iPhone 5S


Според извештајот на аналитичарот Минг Чи Ку, кој досега даде усешна прогноза за повеќе уреди на Apple, новиот iPhone 5S ќе се продава по цена од 350 долари што е за нијанса поевтинo од претходните верзии на овој смартфон.

Се претпоставува дека iPhone 5S ќе има и нова 8 или 13 мегапикселна камера со f/2.0 апаратура, како и двојно побрз А7 процесор. Од останатите компоненти изненадува информацијата дека iPhone 5S ќе има модел со 128 GB вградена меморија.

Од останатите интересни инфмормации се споменува долго очекуваниот скенер за отпечатоци на прсти кој ќе биде вклучен во дизајнот, како и ексклузивна златна боја на маската. iPhone 5S треба да биде претставен на 10-ти септември, заедно со новата верзија на оперативниот систем iOs 7.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О