Новиот Kindle Fire HD со најмоќниот процесор на светот!

Како што претпоставувавме, Amazon нема да штеди кога станува збор за новиот Kindle Fire HD. Компанијата е спремна да ги „растури“ сите свои конкуренти на пазарот...
За овој таблет да биде надмоќен споредено со сите останати, ќе се погрижи најмоќниот процесор во моментов, Snapdragon 800. Според информациите, процесорот ќе работи на неверојатни 2,15GHz, а ќе биде надополнет и со Adreno 330 графички процесор.

Овие информации ни доаѓаат од GFX бенчмаркот, каде што се појавил нов непознат уред од Amazon со овој процесор, како и екран со резолуција од 2560 x 1600 пиксели, со што е прилично јасно дека станува збор за овој таблет.
Доколку овие перформанси бидат надополнети со компетитивна цена до 300-тини долари, тогаш дефинитивно имаме конкурент за најдобриот таблет на пазарот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О