Посетителите на салонот за автомобили во Франкфурт кој се случуваше
изминатата сабота беа сведоци на еден несекојдневен перформанс.
Сопственикот на црно БМВ М6, со 507 коњски сили и вредно 120.000
евра, и неговиот пријател се фатија за секира и чекан и пред сите
присутни започнаа да го уништуваат луксузниот и спортски автомобил.