Слободна Фестивалска Зона - Слаткаристика, Ареа, Газда Паја, Морал и многу други!

Пред една недела се најави Фестивал кој ќе трае 2 дена. На 27-ми и 28-ми септември(петок и сабота), во општина Аеродром, слободна организација објави дека ќе настапуваат групата Ареа и Слаткаристика.
Денес, Free Zone Festival ви ги претставуваат и останатите артисти кои ќе се качат на бината на Фудбалскиот стадион, до МЗТ салата, во Општина Аеродром.

На 27-ми(петок) настапуваат - Слаткаристика, Газда Паја, Тајзи, Токсиколози(Кацар, Сиги, Џоле) и ДЈ-и, а на 28-ми(сабота) ќе настапат Ареа, Морал, Ѓеорги Шарески со ДЈ Маци и Марко- Лог аут.

Слободната организациска екипа Ве кани на Добра забава на 27-ми и 28-ми септември!

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О