Актерот Тони Михајловски 13-ката гледаат како на среќен број, посебно ако се паѓа во ден петок.
-Беше петок 13-ти кога се скинав од војска. Посреќен ден не може да биде. Потоа на факултет бев 13-ти на список. Требаше да полагаме во четврток, ама се одложи за петок. И чекав да влезам 13-ти, ја немаше 12-ката една штипјанка. Си викам ми ја уништи среќата. Влегувам и пред да почнам влетуваа таа и вика јас сум на ред. Ме прашаа дали ќе дозволам, со огромно срце кажав ДА!. И сакав да си исетовирам 13. Ама се појави Боки 13-ка – вели Тони Михајловски за Република.