Сакате да го изненадите својот партнер? Изведете стриптиз! Направете го тоа уште вечерва.
Изберете костим- Важно е на себе да имате доволно гардероба за настапот да трае подолго. Ќе му биде интересно да ве гледа како од несекојдневен костим се претворате во секс бомба.
Почувствувајте ја музиката- Стриптизот може да се изведе и без музика, но сепак изберете песна која има добар ритам. Со музика е поинтересно.
Користете ја косата- Мажите обожаваат жени со долга коса, па затоа искористете ја како средство за заведување. Ако имате долга коса, разбушавете ја и пуштете ја да паѓа преку вашето лице и рамена.
Соблекувајте се полека- Секогаш кога ќе соблечете еден дел од облеката нагласете го со впечатливо движење.
Забавувајте се- Стриптизот треба да биде пријатен и забавен и за двајцата. Чувствувајте се добро во својата кожа, покажете самодоверба и сексипил. Препуштете се на моментот и стриптизот ќе биде успешен.