Во пластично шише вода има 25 илјади хемикалии

Најновите истражувања покажаа дека во едно пластично шише со вода има дури 25 илјади хемикалии.

Водата во пластично шише, која сѐ почесто сите ние ја користиме бидејќи е лесна за носење, дали во чанта или, пак, во рака, е доведена до прашањето дали е добар избор.

Најновото германско истражување покажа дека во едно пластично шише има дури 25 илјади хемикалии. Некои од тие хемикалии се опасни за нашиот организам, пишува во списанието „Плус Оне“, во кое се објавени истражувањата.

Научниците порачуваат дека присуството на хемикалии не значи нужно дека консументите ќе развијат тешки опасни болести, но истакнуваат дека, сепак, станува збор за многу вознемирувачки откритија. Особено загрижуваат хормоните кои можат да влијаат на репродуктивниот систем кај жените, особено во помлада возраст.

- Прерано е да се донесуваат некои конкретни заклучоци како сите хемикалии влијаат врз здравјето. Потребни се дополнителни истражувања. Но, сигурно можеме да речеме дека водата во шишиња не дејствува благотворно на човечкото здравје – истакна Брус Блумберг од Универзитетот „Калифорнија – Ирвин“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О