Лејди Гага: Помалку пијам, повеќе „дувам“

Пејачката вели дека на новиот албум повеќе се чувствува фактот дека пуши многу марихуана.
Лејди Гага одамна раскажа дека нејзината омилена дрога бил кокаинот, но откако престанала да го консумира, утехата ја пронашла во „тревата“.

Пејачката наскоро го објавва албумот „Artpop“ и вели дека на него ќе се почувствува колку таа „дува“.

„Додека го снимав албумот, пиев многу малку, но дував многу. Не сакам да ги поттикнам луѓето да се дрогираат, само зборувам за своите искуства“, изјави Гага за „Ел“.

Најновиот албум од контроверзната пејачка треба да се појави во почетокот на ноември.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О