Ѝ купил 55 илјади фустани за 56 години брак

Пол (78) и Мери (76) се во брак веќе 56 години и во тој период Пол ѝ подарил на сопругата дури 55 илјади фустани.
Пол сакал неговата Маргот секогаш да има нов фустан кога оделе на игранки. Таа желба придонела Маргот денес да има вистинска колекција од 55 илјади фустани.

Сепак, поради лошата здравствена состојба на сопружниците, фустаните, кои зафаќаат простор колку шест големи контејнери, сега се ставени на продажба.

Како што вели Пол, нему и на сопругата танцувањето им го променило животот откако се вљубиле.
Пол со фустаните (Фото: Facebook/55thousanddresses)
Пол со фустаните (Фото: Facebook/55thousanddresses)
- Маргот е љубовта на мојот живот и остана така до ден-денешен. Тргнав по неа во САД и покрај тоа што моето семејство беше против. Живеевме на различни места додека не дојдовме во Лос Анџелес. Колекцијата фустани секогаш растеше, па барав поголем имот. Секогаш сум ѝ купувал на Маргот фустани, каде и да одев – рече Пол.

Пол објаснува како е дојдено до бројката од 55 илјади фустани.

- Сакав да ја гледам како танцува и собирав фустани за неа. Бев фасциниран од фустаните од педесеттите затоа што дишеа со неверојатна женственост. Секоја недела одевме на игранка и јас сакав Маргот секогаш да има друг фустан.
Фустаните на Мери (Фото: Facebook/55thousanddresses)
Фустаните на Мери (Фото: Facebook/55thousanddresses)
Сепак, 55. илјади фустани ни самата Маргот не стасала да ги облече. Опсесијата на Пол отиде предалеку, па купувал фустани пред работа, во текот на работа и по работа, а подоцна често одел и на распродажби и така знаел да купи по 30 фустани дневно.

Но по две деца, 56 години брак и 55 илјади фустани, оваа двојка дојде до точката кога мора да почне да ја распродава својата колекција, секако не целата.

- Кога ги купував фустаните, не ни гледав дали се брендирани, па се покажа дека имаме колекционерски примероци на фустаните на Оскар де ла Ренте и Вера Вонг – заклучи Пол.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О