Иноваторски уред од тинејџер сите светски океани може да ги исчисти за 5 години

Бојан Слат (19) е тинејџер од Холандија кој иновираше направа за која тврди дека во само пет години може да исчисти околу 20 милијарди тони пластичен отпад кој се наоѓа во сите светски океани.

Слат е студент по аеронаутика на холандскиот технолошки универзитет TU Delft, а „револуционерниот изум“ кој тој го иновираше се состои од серија подвижни бариери и платформи во кои би се собирал отпадот, додека рибите и планктоните би можеле непречено да минуваат низ истиот систем.

Платформите се конципирани да бидат самоодржливи, а напојувањето би било комбинација од соларна енергија и морски струи. Младиот студент верува дека неговиот изум после акцијата низ океаните значително би можел да го намали количеството на отпад за само пет години.

Милиони тони пластичен отпад секоја година убива милиони морски животни, а дополнителниа опасност се и штетните алги и загадувањето кои не создаваат само опасна загаденост туку и високи трошоци за чистење.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О