Овие совети ќе ви помогнат да ги совладате тактиките на флертување, до таа мера што мажите буквално ќе ви „јадат од рака“...
Без разлика дали имате партнер или сте во негова потрага, малку флерт сигурно нема да ви наштети. Еве што сѐ можете да пробате да направите за да станете вистинска освојувачка на машки срца:
● Погледнете го згодниот тип во градскиот превоз на две секунди, а потоа свртете го погледот. После тоа погледнете го пак.
● Седите во просторија полна со мажи? Седнете бочно на столицата, прекрстете ги нозете, исправете се и со прстите минувајте низ косата.

● Како „случајно“ паднете на градите на згоден тип, и кажете му дека има толку цврсти гради што во прв момент сте помислиле дека сте удриле во ѕид :)
● Духовито искритикувајте ја неговата модна комбинација. На пример: „Навистина треба многу храброст за маж да носи розево, но мене тоа многу ми се допаѓа“.

● На испотениот тип на лентата за трчање во теретана кажете му дека тренингот е импресивен.
● Кога ќе бидете излезени и кога ќе се наоѓате на подиум во дискотека, за момент подзастанете да си ги наместите чорапите или хулахопките. Сигурно барем едно момче ќе ви пријде.