
Huffington Post објави фотографија од првите кои пристигнале пред продавницата на Apple во Њујорк, а се очекува нивниот број да се зголеми со текот на времето. Работата е што ако телефонот биде претставен на 10-ти септември, тоа значи дека тој во продавниците ќе стигне во период од повеќе од една недела по промоцијата, што значи дека оние кои сега застанале во редот, можно е да останат таму речиси две недели.