Фудбалерите редовно измислуваат нови, иновативни начини на прослава на своите голови, а најновиот тренд доаѓа од МЛС - лигата во САД. Имено, играчот на Колумбус, Доминик Одуро, постигна погодок, а потоа се упати кон корнер знаменцето, каде што го чекаше спакувано парче пица и тој си се нагости како прослава на голот.
Којзнае што се можеме да очекуваме во иднина, можеби рел од ресторанската послуга да подготви и маса за цел тим, па сите да седнат на вечера...