BlackBerry забележа загуба од 965 милиони долари

Канадската компанија „BlackBerry“ забележaла загуба од 965 милиони долари во второто тромесечје од оваа фискална година, додека во претходниот квартал загубата изнесувала 84 милиони евра.

Производителот на смартфони загубата ја објаснува со провизијата од 934 милиони долари поврзана со залихите од непродадената роба, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Не сметајќи ја провизијата, нето загубата во вториот квартал од оваа фискална година изнесувала 248 милиони долари, или 47 проценти по акција, што е далеку над прогнозата на аналитичарите од 13 проценти по акција.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О