Се степале на манифестација „Стоп за насилството“

Тепачка помеѓу две групи на ученици се случила вчера во дворот на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга. Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, инцидентот настанал за време на одвивањето на активностите од проектот „Стоп за насилството“, што го реализираат учениците во соработка со МВР, локалната самоуправа и ОБСЕ.

- Причина за тепачката помеѓу двете групи деца, сите од албанска националност од Струга и околните струшки села, веројатно била нетрпеливост помеѓу двајца од нив. Полицијата интервенираше веднаш и ги раздели учениците, а на информативен разговор во полициската станица во Струга бил повикан еден од нив, кој се смета дека е организатор на тепачката – изјави Димоски.

Според Димоски, на информативен разговор ќе бидат повикани и останатите учесници во инцидентот заедно со нивните родители.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О