Бизарен настан ја згрози светската јавност. Само една недела по
венчавката Американката Џордан Ли Греем го турнала сопругот Коди Ли
Џонсон во провалија по една голема расправија.
На несреќата и претходела голема расправија во која Американката
одлучила да си замине, при што сопругот ја фатил за рака, а таа толку
силно го турнала што паднал во провалија и починал на местото на
настанот.
Всушност, причина за кавгата било тоа што девојката само една недела
по венчавката се предомислила и не сакала повеќе да биде во брак.
Таа го признала делото кое го направила.
