Зошто мажите сакаат кучки?

Шминка, секси-облека и фантастична фризура - „состојки“ кои привлекуваат внимание и погледи. Дали е тоа доволно да се задржи партнерот и да станете онаа во која тој ќе се заљуби, а не попатна авантура за една ноќ?

По тоа што сте го привлекле со физичките атрибути, тие ќе се свртат на анализа на вашето однесување. Ако им покажете колку ви се допаѓаат, ќе ги преплашите и најверојатно брзо ќе ве откачат. Меѓутоа, немојте да се зачудите ако за месец-дена го сретнете рака за рака со девојка која споредбено со вас не изгледа толку занесно. Зошто е тоа така?

Кога би се запрашале како таа девојка успеала да го задржи, таа би ви рекла дека на почетокот не била толку импресионирана со него. Или тоа само вешто го одглумила, знаејќи две големи машки тајни.

Свесни или не, слободните мажи често имаат страв од „врзување“. Особено ако неодамна преживеале тешко раскинување. Сигурно нема да тргнат со девојка која ќе ги носи по саеми и во шопинг, потсетувајќи ги дека очекува што поскоро прстен и семејство.

Мажите по природа се ловци, кои притоа сакаат да се натпреваруваат за пленот. Особено им е слатка победата ако се бореле за некоја девојка и пополека го освојувале нејзиното срце.
Експертите за врски им препорачуваат на младите жени на почетокот да глумат незинтересираност и недостапност, а потоа кога работите ќе почнат полека да се местат да го отворат и тие срцето.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О