Според тоа колку е тешко или лесно еден телефон да се поправи, телефоните се рангираат на скала од 0 до 10, каде 10 добива уредот што е најлесен за поправка.
За да добие добра оценка, уредот мора лесно да се расклопува, мора да постои упатство за негово сервисирање, а поените се добиваат и одземаат во однос на тежината на неговото отворање и замена на клучни компоненти.

„Samsung Galaxy S4“ и „S3“ добиле 8 поени, исто како и „Note“ и „Note 2“.
„iPhone 5“ добил солидни 7 поени, колку што добиле и „Nexus 4“, „Motorola Moto Х“ и „iPhone 3G“ и „3GS“.

Оригиналниот „iPhone“ кој е претставен во 2007 година добил само 2 поени, бидејќи премногу тешко се отвара, а уште потешко е да се замени батеријата.
Најдолу на оваа листа се наоѓа „HTC One“ со само еден поен. Од „iFixit“ велат дека неговата конструкција е солидна, но дека телефонот е речиси невозможно да се отвори без да се оштети задниот капак, што го прави овој телефон многу тежок за поправка.