Богачев во САД е осуден дека водел мрежа хакерски напади под име GameOver Zeus, со чија помошукрал повеќе од сто милиони долари од банкарски сметки. Како администратор на мрежата, федералните власти во Питсбург во Пенсилванија, го обвиниле Богачев за заговор, хакирање, кражба и перење пари, пренесува BBC.
Со слични обвиненија е соочен и во Омаха во Небраска, каде што наводно е замешан во претходната верзија на мрежата Zeus позната како Jabber Zeus. ФБИ верува дека Богачев се наоѓа во Русија.
Раководителот на сајбер секторот во ФБИ, Јозеф Демарест изјавил дека агензијата знае за 60 различни хакерски групи поврзани со различни држави, но не сакал да открие кои земји стојат позади нив.
Тој додал дека внатрешната руска служба за сигурност ФСБ, неодамна покажала интерес за соработка со американските служби. Кина не искажала апсолутно никаков интерес за соработка со САД од областа на компјутерскиот криминал, истакнал тој.
Демарест рекол дека ФБИ во рок од еден месец од нападот на Sony Pictures, откриле дека позади хакирањето стои Северна Кореја.