Тренерот на Барцелона Чави Пасквал порача дека е „навистина е тешко да се игра во ваква атмосфера“.
-Знаевме дека ќе биде тешко, прв натпревар е, а и не играме дома. Имавме
падови во целиот натпревар. Последните 15 минути во првото, и првите 15
минути на второто полувреме беше нашето вистинско лице. Во однос на
остатокот не се покажавме ниту во напад ниту во одбрана. Но, не се
работи сакмо за нас, туку и Вардар е многу добар тим и го покажа тоа на
теренот.
Кире Лазаров, во име на екипата на Барцелона искажа „благодарност за коректноста и честитки за Вардар“.
-На неколку наврати го имавме натпреварот, но не знаевме да зачуваме
резултатот. Ова беше одличен натпревар, со одлични индивидуалци. Видовме
дека не може само со имиња да се добиваат натпревари, добро е што ова
се случува на почетокот, за отрезнување во Лигата на Шампионите.
Водачот на црвено-црните, Зоран КЛастратовиќ порача дека „денеска на натпреварот против силниот тим на Барцелона дадовме се“.
-Видовме дека може да парираме на противникот. Се заблагодарувам на сите
на играчите на Барцелона, на нашите играчи за прекрасната претстава.
Публика повторно се покажа како осми играч. И ние имавме подеми и
падови. Добро е што подемите дојдоа во право време, кога се здобивме со
шанса да го добиеме натпреварот. Сите имаа извонредни перформанси, во
напад и во одбрана. во соблекувалната им реков „Не секогаш се случува
Давид да го победи Голијат“, а вечерва за малку ќе се случеше тоа.
Во име на играчите на Вардар, Игор Караѓиќ рече „едноставно направивме подвиг, честитам на сите момци“.
-Ова е за нас победа, екипата покажа дека има карактер. Се надевам дека и
натаму ќе се покажуваме во право светло. Публиката ни даде ветер во грб
кога беше најпотребно, кога губевме со 4 разлика. Покажавме карактер,
дадовме се од себе. Сега некако и ни е жал, можевме и сите бодови да ги
земеме, со насмевка на лицето рече играчот на Вардар.