Со натпреварот
против Летонија, со кој кошаркарската репрезентација на Македонија и
официјално го заврши настапот на Евробаскетот 2013 во Словенија,
завршува и ангажманот на Алеш Пипан како селектор
Словенецот
за „Al Jazeera Balkans“ изјави дека со ваквиот расплет на настаните
завршува и неговиот ангажман според договорот со КФМ. Очекувањата беа
високи, а не успеавме да ја поминеме ниту групната фаза.
„Зар
очекувавте да го повториме четвртото место? Литванија и Србија овде
дојдоа како фаворити и тоа го докажаа. Ние се боревме за третата
позиција, за жал, тоа не бевме ние“, коментира Пипан.
„Нема тука
некои големи емоции, ние сме професионалци, водиш состав со кој имаш
договор. Пред тоа ја водев полската селекција, сега македонската, ја
извршувам мојата функција, чувствата тука остануваат на страна“, заврши
Пипан.
