ФОТО: Eпл вечерва го претставува најновиот Ајфон

Вечерва во 19 часот по средноевропско време компанијата „Епл“ ќе одржи прес конференција на која ќе биде претставен најновиот Ајфон кој ќе носи ознака 5S. Се разбира дека се уште нема никакви официјални информации, но познавачите веќе објавија кои би можеле да бидат карактеристиките на новиот модел.

Ако може да им се верува на фотографиите, новиот ајфон нема многу да се разликува од претходната генерација. Најголемата промена се однесува на копчето „home“.

Тоа е во кружен облик, без бел квадрат и околу него има сребрен прстен за кој постои сомневање дека ќе служи како читач на отисоците од прстите. Овој модел ќе биде прв кој ќе се отклучува на ваков начин. Сензорот работи на основа на отчитување на отисоците од палецот, по што се појавува отисокот на екранот, а потврдата на идентитетот се означува со промена на бојата на екранот.

Другата голема промена се однесува на самиот процесор кој ќе се најде во телефонот. Се шпекулира дека се работи за процесот со ознака A7, кој има 64 бита и е за третина побрз од претходната генерација. Ова ќе донесе поголема брзина во стартувањето на апликациите.
Се очекува дека вечерва ќе биде претставен и 5C, евтината верзија на ајфон кој не би требало да биде поскап од 300 долари.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О