ЗНМ: Притворот за Кежаровски прераснува во казна

Здружението на новинарите на Македонија најостро ја осудува одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје, кој по пети пат го продолжи притворот за новинарот Томислав Кежаровски, обвинет за откривање на идентитет на заштитен сведок.
kezarovski-tomislav1-565x384
Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на здружението:

Постојаното продолжување на притворот повеќе не служи за непречено водење на судската постапка, туку прераснува во казна. Ова одлука на некој начин ја навестува конечната пресуда, со што се крши основното начело во една правна држава дека секој е невин додека не се докаже спротивното.

Нејасно е зошто судот е убеден дека притворот е нужен, кога на располагање има и други поблаги мерки за обезбедување на присуство, како што се куќен притвор, забрана за напуштање на живеалиште, обврска на обвинетиот да се јави повремено на одредено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање на пасош и друго.

Нашето законодавство и меѓународните стандарди за изрекување на мерката притвор, инсистираат мерката притвор да се сведе на најкратко нужно време и да има убедливо образложение. Од друга страна Кежаровски ги исполнува условите да се брани од слобода.

Зачудува фактот што судот ги игнорира сите повици од домашните и меѓународните организации, кои се загрижени дека судот изрекува непропорционална мерка за целта што сака да ја постигне. Со тоа се прекршува слободата на изразувањето, се заплашуваат новинарите и медиумите и се поттикнува самоцензура.

Потсетуваме дека на втори септември до Министерството за правда доставивме Иницијатива за ослободување од гонење на новинарот Томислав Кежаровски, за која сеуште нема одговор. Го охрабруваме Министерството за правда сериозно да ја разгледа нашата иницијатива бидејќи со тоа власта ќе покаже дека со посебна чувствителност постапува кон прашања поврзани со слободата на изразувањето. Во прилог Ви го доставуваме и барањето за ослободување од гонење на новинарот Томислав Кежаровски доставено до Министерството за правда, вицепремиерот Фатмир Бесими и до претседателот Ѓорге Иванов.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О