Кошаркарите на Србија ќе се обидат да победат вечерва за да ја
задржат формата и доброто расположение, велат тие во изјавите за
српските медиуми и покрај најавите дека намерно ќе изгубат од Црна Гора
за да ја елиминираат Македонија и со тоа да пренесат четири максимални
бода во наредната фаза.
Во двата досегашни дуели токму во квалификациите
за Евробаскетот во Словенија Црногорците два пати славеа, но и тие
вечерва се без мотиви затоа што немаат никакви шанси за пласман во
наредната фаза.
Селекторот Душан Ивковиќ вели дека не може мирно да спие поради повредите со ко се соочува пред продолжението на шампионатот.
-После Недовиќ се повреди и Богдановиќ и ние сме на границата на
функционалноста. Мора да ја оспособиме екипата за да имаме осум или
девет играчи на кои можам да сметам. Не знам дали ќе успееме во тоа-
вели Ивковиќ.
Еден од повредените, Богдановиќ, пак вели дека нема сомнеж дека Србија ќе се обиде да победи вечерва во Јесенице.
-Одиме на победа и против Црна Гора, тоа ни значи поради формата.
треба да влеземе мотивирани како и во секој меч-вели Богдановиќ.