По се изгледа дека двата нови таблети iPad mini 2 и iPad 5 нема да се појават на 10-ти септември како што се очекуваше бидејќи Apple промотивниот настан целосно ќе го посвети на iPhone 5S и iPhone 5C. Затоа како мало потсетување за двата нови таблети се појави ново видео во кое се прикажани куќиштата на iPad mini 2 и iPad 5 за кои се тврди дека ќе бидат многу попрактични, полесни и потенки.