Сепак, според „То Вима“, „Атина останува подготвена активно да учествува во преговарачкиот процес со цел изнаоѓање решение, кое ќе придонесе за стабилноста во регионот и ќе го отвори патот на Скопје кон евро-атлантските интеграции“.
- Според дипломатски
извори, шефот на грчката дипломатија го информира Нимиц и за неговите
средби со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со македонскиот министер за
надворешни работи Никола Попоски. Венизелос му нагласил на
медијаторот дека на решението за името треба да се гледа во пошироки
рамки на соработка во Западен Балкан и оти Атина е подготвена, ако се постигне заемно прифатливо решение, да ѝ понуди финансиска помош на економијата на Скопје – пишува „То Вима“.
