СДСМ: Во Струмица тендери се добиваат спроред законска процедура

СДСМ во реакцијата на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со јавните набавки во Струмица, наведува дека нивната кампања постигна извонреден успех и оти докажала дека оваа општина се добиваат тендери во легална законска процедура.


- Успеа да докаже како во општина Струмица, во легална законска процедура се добиваат тендери, и зошто Владата не може да најде ама баш ништо незаконско во тендерските постапки во Струмица. За разлика од тендерите и анкесите на договорите што ги реализира Владата- се вели во соопштението.

Прашуваат кога премиерот ќе одговори дали е непотизам и судир на интереси назначување на членови на неговото семејство и кумот за контролори на севкупниот општествен и стопански живот во Македонија и како министри, пратеници и други високи функционери на ВМРО – ДПМНЕ, се збогатиле од чиновнички плати.

- Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, е подготвен на директно телевизиско соочување со премиерот, посочуваат од СДСМ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О