Мис на Свет се сликала топлес: Ќе остане без круна?

Филипинката Меган Јанг, која ја освои титулата Мис на Свет за 2013 година се најде во центарот на скандал.

Наводно, откриено е дека таа се сликала топлес, што е против правилата на ова натпреварување и поради што би можела да остане без круна.

Наводно, оваа девојка во 2012 година позирала за списанието „Rogue“ разголена како дел од бикини кампања.

На неколку од фотографиите се гледа дека таа не го носи горниот дел од костимот за капење.

И додека некои бараат на Меган Јанг да и се одземе круната, од филипинскиот табор тврдат дека се работи за „валкана кампања“.

Сепак, како што пренесуваат странските медиуми спорните разголени фотографии не содржат експлицитна голотија.

Фото: Меган Јанг бикини фотосесија за списанието „Rogue“

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О