Ова се новите хит бои кои не очекуваат наредната проле

obleka-boi
Познатиот институт за боја, Пантоне заклучи кои ќе бидат најпопуларните бои во пролет.

Листата на најзастапените бои во првите топли денови во 2014та година нуди рамнотежа и подеднаква застапеност на остри и пастелни нијанси.

На листите за жени, прво место е сината нијанса „Dazzling Blue“, следи виолетовата нијанса „Violet Tulip“, а на трето место се наоѓа нешто посилната верзија, „Radiant Orchid“.

Занимливо е дека на листата се појавуваат и возбудливи и модерни бои, како и оние неутралните. Не секој е спремен да носи остри бои од глава до пети. Во светот постои потреба за рамнотежа која би ја донеле меките и неутрални бои, без да се зборува за сивата боја.
Се е во чувството за рамнотежа. Дизајнерите сакаат сите ние да се забавуваме со облеката и да уживаме во се што носиме, но во тоа треба да бидеме малку практични. Боите говорат за идејата на оптимизација во модата, но најголемиот дел во неа се сеуште економските аспекти.
Освен што се дефинирани пролетните бои за жени, „Пантоне“ состави листа и за мажи, која ја предводат сините и сиви нијанси: „Placid Blue“, „Paloma“ и „Dazzling Blue“.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О