Фудбалскиот натпревар од кфалификациите во А групата за Светското
првенство во фудбал заврши со резултат 2:1, Македонија го победи Велс на
Градскиот стадион во Скопје.
Кошаркарите ги совладаа Србите во Словенија на Еп со 14 коша разлика.
Тричковски и Трајковски беа стрелците на двата гола - во 21 минута од
пенал и десет минути пред крајот на натпреварот, со што Македонија се
рангираше на четвртата позиција во групата.
Кошаркарската репрезентација на Македонија во третото коло во Б групата Македонија ја победи Србија со 89:75.
Лестер Бо Мекејлеб постигна 27 поени, Владо Илиевски, 16 поени, а Перо Антиќ постигна 16 поени.
Со оваа победа ги зголемуваме шансите за пласман во второто коло, а следен противник е селекцијата на Босна и Херцеговина.