Мијалков бара извинување од Заев

Директорот на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков побарал извинување од лидерот на СДСМ Зоран Заев за изјавата што ја дал во интервјуто за „НОВА“ во средата, објавува весникот „Вест“.
mija
Полномошникот на Мијалков, адвокатот Антонио Апостолски, вчера му испратил писмо на лидерот на СДСМ, со кое побарал извинување за изјавата дадена во интервјуто за НОВА, како и за прес – конференциите „кои содржат клевети и навреди“.

Адвокатот се повикува на член 13 од Законот за граѓанската одговорност за клевета и навреда и „во насока на ублажување на штетата“, очекува во рокот определен со закон, Заев да излезе со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на изјавата.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О