Потребен ни е перфектен кошаркарски ден

Јесенице и Крањска Гора го покажуваат и своето друго лице. Сонцето, пријатното време и преубавата природа кои ни дружеа до сега, одеднаш се претворија во дожд, магла и многу постуден бран. Велат, кога врне дожд, бериќет е, па сите Македонци овде во Крањска Гора, а сигурно и сите во нашата земја, се уште се надеваат и очекуваат денешниот ден да биде перфектен на кошаркарски план. Само така, Македонија би можела да се пласира во втората фаза на Евробаскет 2013.

По вчерашниот пораз од Босна и Херцеговина, македонските кошаркари сега не зависат само од своите резултати. „Црвено-жолтите“ мораат да ја победат Летонија со двоцифрена разлика, но исто така треба и Литванија и Србија да одиграат за нас.

Секако, првиот чекор треба да го направиме ние. Антиќ, Мекејлеб и дружината треба да одиграат перфектен натпревар против Летонците, нешто налик на дуелот против Србите и искрено се надеваме дека ќе биде така. И нема потреба веќе од изјави, најави, редно време е кошаркарите да излезат и да покажат зошто се четврти во Европа од минатиот шампионат на Стариот континент.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О