Апсењето на 11-мината жители кои протестираа кај паркот кај
хотелот Бритол, кои синоќа беа приведени во голема полициска акција беше
повод за ново препукување меќу власта и опозицијата. Откако СДСМ го
осуди апсењето, ВМРО ДПМНЕ побрза да врати обвинувајќи ги за партизација
на протестот.
Како што денеска изјави Дамјан Манчевски, потпретседател на
СДСМ, апсењето на група граѓани кои се противат на изградбата на
административна зграда во непосредна близина на хотелот Бристол во
Центар е за целосна осуда.
„ Приведените граѓани беа физички малтретирани и понижувани без
никакво образложение. Како епилог единствено добија прекршочни казни за
загадување на околината во износ од 50 евра. Од кога за казни од 50 евра
се активираат специјалци и хермелини“, смета Манчевски.
Од владејачката ВМРО ДПМНЕ пак велат дека опозицијата ангажира
партиски војници кои треба да креираат свесен конфликт за 5 дрва и парк
од 483 метри квадратни пред хотелот Бристол.