Соња Тарчуловска е оперирана и е во стабилна здравствена состојба, информираат за zdravstvo24.mk извори од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување.
Таа синоќа со скршеници на карлицата и р‘бетниот столб по падот од тераса била примена во Ургентниот центар на Клинички.
Сега се наоѓа на одделот за инстензивно лекување на КАРИЛ и е надвор од животна опасност, велат извори од Клиничкиот центар.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека се работи за несреќен случај.
Фото: Архива