Тоа е реакцијата на српска новинарка во Литванија кога ги начекала нашите кошаркари пијани во 4-5 саат сабајле како се бркаат низ хотел по гаќи...е тогаш не, ама сега дефинитивно и ебаа матер на кошарката....
Гледам едно брдо фејсбукаши и остали активни социјалци на глобалната мрежа како викаат дека не треба да се плукаат и критикуваат нашите кошаркари по катастрофалното европско првенство. Прво и многу битно, тие да ја разберат разликата меѓу плукањето и критикувањето, затоа што издржаната критика треба да води кон подобро и неможе да се поистовети со плукањето.
Кога докторот стана сестра
И пред да се осврнам на првенствово, осеќам потреба да објаснам неколку работи за нивниот доктор Маринко и неговиот пристап кон репрезентацијата. Пред 2 години на првенството сите во федерацијата очекуваа да имаме неуспех, па дури и попот, самонаречениот вечен оптимист. Но, Маринко направи чудо, чудо кое не се знае дали во нашиот животен век ќе го доживееме повторно. Им ги заќуте устите на попот и остала багра во федерација. Игравме феноменално, на цело првенство немавме лесно примен кош, а во нападот Бо си дупеше кој џандар пред МТВ. Благодарејќи на феноменалниот скаутинг кој ни го дадоа србите, нашите изиграа уште подобро и во втората фаза, и да не беше она гнасното циганче од Барселона кој во третата четвртина погоди неколку тројки и со нога, ќе се вратеа нашите со медал, медал кој со својата игра, пожртвуваност и тимски дух, и те како го заслужија. Во борбата за третото место, немавме среќа, буквално ни се лизна медалот во последната секунда, но и без тој медал, таа (оваа) генерација беше пречекана како што и доликува...како херои. Не само поради успехот на првенството, туку и поради тоа што успеаа да ја сполтат оваа, со векови, поделена нација.
Заврши првенството и со тоа му заврши и договорот на Маринко. Нормално, попот и компанијата од МКФ задоволни од успехот кој си го препишуваа на себе, па да не си го гледал првенството, ќе помислиш дека попот играл место Бо, а десното му раче, место Антиќ, му понудија нов договор на „докторот„ со желба тој да ги води на историскиот квалификациски циклус за Олимписките игри. Ама „докторот„ по враќањето со историскиот успех од Литванија, изјави „треба да си луд да се нафатиш да ја водиш репрезентацијата по таквиот успех, затоа што ова ни се случува еднаш во 100 години и дека не постои тренер на светот кој може да го повтори тој успех. Е, тој ваш „доктор„ тогаш стана сестра и затоа немојте да го величите затоа што тој е оној кој не сакаше да се обиде да не носи на Олимпијада, тој е оној кој играше на сигурно, знаејќи дека засекогаш ќе биде запаметен како најуспешниот селектор. Неспорно е дека со него на чело, наместо оној неписмењакот Лаки Мазовски, многу веројатно ќе се пласиравме на Олимпијадата и дека со него сигурно ќе ја поминевме бар првава фаза на ова првенство....ама тој има пичкарски менталитет, игра на сигурно, така да преку кур од вашите барања да се врати и сфатете еднаш за секогаш, тој докотор можеби го донесе најголемиот успех на македонската кошарка, но тој доктор е СЕСТРА сега, пичка, не остави кога ни требаше уште повеќе. Оставете го сега да се сити на нашите неуспеси, не го барајте, нема да се врати.
Еуробаскет 2013
За разлика од претходните години, ова првенство го немавме Врбица, кој изолиран од попот и компанијата, се повлече од позицијата директор на репрезентацијата, па логички повлече и дел од позитивната атмосфера, а верувам дека и Бенкардино напушти заради него. Пипан самоуверено се нафати да ги припрема физички играчите за ова првенство. Базата на висинските подготовки беше во Сектор, Привилиџ Клуб и Балет. Револуционерната тактика наместо суви тренинзи, нашите имаа и тек како течни тренинзи. Вотка, виски, пиво....тронеделните секојдневни тренинзи ги спремија нашите репрезентативци да се носат и со великаните како Тони Адамс, Пол Гаскоњ и Пол Мерсон. На социјаните медиуми катадневно излагуваа слики од нив од дискотеките. Мислам дека повеќе слики излегоа од Перо и Бо во диско, него што Бар Рафели, Алесандра Амброзио и Аделина Тахири имаат заедно на Инстаграм. Таквите припреми си ја земаа својата акциза...акциза поради која нашиве изгледаа спремни ко кадетски тим во споредба со останататите селекции.
Покрај течните подготовки, еден од најбитните фактори за овојнеуспех е Алеш Пипан. Словенецот се нафати да ја води оваа селекција со цел да си ја зголеми цената по евентуалниот успех на првенствово, ама претходно си ги оствари сонот и потпиша за Унион Олимпија, па го болеше кур за нашата репрезентација. Во Мзт остави добар впечаток, ама не било толку тешко да го направиш тоа со повампирени Тоше и Станко и со Дамјан во врв на форма. Кога ќе се додаде и дека сите акции во нападот ги наследил од Ацо Тодоров испаѓа дека не бил толку добар стручњак како што навидум изгледаше. Дефинитивно остави впечаток дека што побрзо сака да си отиде во Љубљана и да си ја спреми Унион Олимпија за следната сезона. Најтрагично од се, по поразот од Босна кажува дека сме потфрлиле во одбрана, а нападот му беше добар, а ние цели 50 коша дадовме.
Дека постоеше желба кај нашите кошаркари, постоеше, но фактот дека беа неспремни неможе никој да го побие. Перо Антиќ и Илиевски имаа дури и подобро првенство од она во Литванија, но прво судиите ни ја земаа победата против Црна Гора (иако си водевме 7 коша на 2 мин до крај, и дозволивме да ја пропуштиме) па потоа и Хулк да ни се повреди што и те како влијаеше на нашата игра. Но, впечатокот останува, дека она што го видовме, беше далеку под можностите на нашите херои.
Фактот дека игравме ракомет наместо кошарка останува. Нашите високи играчи беа повеќе надвор од 6.75 него што беа внатре. Влијанието на словенецот на повеќе наврати во видовнме и на тајмаутите, он збори едно, Илиевски друго, Тоше трето, Антиќ и Чековски сосема петто. На моменти не се ни знаеше кој уствари ни беше селектор. Имаше и ситуација каде Илиевски му покажуваше дека е време за тајм аут.... И на крај тој Пипан, ќе зема 14.000 евра месечна плата во Унион Олимпија. А таму кој ќе му го води тајмаутот кога нема ниеден постар од 27 години? Ќе го враќа Јака Лаковиќ?
Заслужија да бидат испратени во пензија со аплауз, несомнено, но дефинитивно нивниот настап на ова првенство не заслужи аплауз, туку свирежи. Игравме на можеби најслабото првенство во историјата, отидовме комплетни, ни најавуваа медал, а сите ние ќе бевме задоволни бар првите групи да ги поминеме...иако знаеме дека сме способни и за многу повеќе, но останавме со курот во рака и наместо да гледаме врвна кошарка, каде што и треба да сме со оглед на талентот кој го поседуваше оваа генерација, останавме на Солзите на мојата ќерка и Малечката невеста.
Индивидуална оценка
Тоше, срцето и душата на репрезентацијата последниве 10 години. Едвај го натераа да се врати од пензија, и да, имаше многу лошо првенство, но кога би се собирало и одземало што се има напревено за оваа репрезентација никој неможе да каже лош збор за дечкото. Некогаш давал 100% од себе, а кога не давал 100%, давал 110%, 120%..... играл со скршен нос, пукната рака, бушаво репче и никогаш не се штедел на терен. На минатото првенство кога скрши рака, барал да игра и кога докоторот му рекол, како бе ќе играш со скршена рака, рекол, е добро де, имам уште една. Капа доле легендо, можат курот да ти го јадат. Неможам да ја замислам нашата репрезентација без тебе.
Перо Антиќ - уште еден шампион во течни тренинзи, но за перфромансот на првенствово, како и за залагањето неможе да му се каже збор. Еден од ретките кои играа на потребното ниво. Се гледаме на Спортклуб од следната сезона. Се најдобро.
Бошко - ни бледа сенка од она што беше, дали неспремен, дали повреден или мамурен, не е битно, останува фактот дека играч како него којзнае кога пак ќе имаме чест да видиме во црвено-жолтиот дрес. Играше за Македонија ко да прадедо му се борел со Питу Гули на Мечкин Камен. Најдобриот играч кој сум го гледал во живо.
Станко - Хулк имаше своја втора младост минатава сезона. Посилен од кога било, попрецизен од кога било. После селекторот Пипан, најголемиот хендикеп на првенствово беше неговата повреда.
Илиевски - изигра одлично, смирено, сталожено, ефикасно. После Атниќ, вториот играч кој си изигра на своето ниво.
Самарџиски - мислам дека сеуште никој неможе да сфати како може толку да е млак и да прави толку нерезонски потези. Со него една работа е сигурна, ако го оставиш во игра цели три минути, ќе направи 5 фаули. Пола утнат зицер - пола лична грешка - тоа е нашиот центар.
Близнаците - Војдан потфрли ова првенство иако имавме големи очекувања од него. Дамјан изигра феноменално првите утакмици, но после Србија како да го фати вирусот од брат му. 1/15 шут против Босна за нашите најдобри шутери е недозволиво.
Брчков - за минутите што ги доби, се покажа одлично. Одличен физикус, штета што не порасна бар до 2.05. Ќе имавме класа играч во него. Но, и кај него беше очигледно дека не беше најдобро спремен.
Костовски - не треба да се суди по петте минути што ги изигра, но за него се зборуваше дека е смирен, со одлична прегледност. За петте минути со Летонија, го демантираше сето тоа. Е јеби га, не е ова Куманово и БИБЛ Лига. Уште неможам да се помирам со фактот дека ќе треба да гогледам како прв плеј во Мзт. Тешко нас.
Иднината
Сите познавачи на кошарката знаат дека сега почнуваат црните денови за репрезентативната кошарка. Без Антиќ, МекКејлеб, Тоше, Владо и Станко, остануваме на Костовски, Самарџиски и близнаците кои ќе морат да се вратат во нивната форма за да имаме какви-такви шанси видиме некое друго европско првенство. Време е Магдевски и Николов да се прекомандаат во А селекцијата и да почнат да стекнуваат сениорско искуство. Но, иднината на мак-баскетот не е сјајна. Нашите млади селекции завршуваат на 48 од 49 екипи во Европа, ниедна селекција не ни е во А дивизија, додека за спроедба една Летонија, која секогаш сме ја гледале како екипа која стално ќе биде послаба од нас, е во првите 4 екипи во Европа во првенствата во генерацииите под 20, под 18 и под 16 години. Редно време е попот да преземе одговорност и да ја среди прво домашната лига, а не секоја година да имаме нерегулани првенства каде се откажува минимум по една екипа, да почне да се работи квалитетно со младите играчи, а не да отвара школи кој стигне и да се буткаат играчи во репрезентации затоа што биле синови на спонзори или презентери на вести на Сител. Ова ни беше последната надеж да се израдуваме уште еднаш, и затоа простете ми ако не се слагам со вас и да се помирувам со испаѓањето во првата фаза, кога знам дека можевме многу повеќе, но ужасно потфрливме и ако не се слагате со мене, искрено ме заболе курот...додека вие сте задоволни со медиокритет, јас знам дека можевме многу подобро, но ете ја усраа работата, пиеа и во Литванија, пиеа и тука, ама таму бар беа физички спремни и не ги водеше селектор кој едвај чекаше да си оди во новиот клуб, кој го заболе за репрезентацијата и кој отиде на првенствово со мотото, Нема да го повториме успехот од претходното првенство. Селекторе, да ти го тури цела ова анација, која ретко има шанси да се радува, а тебе кур те заболе.
А ти Попе, донесе правило да играат деца под 20 години цело прво полувреме во домшаното првенство, првата година од тоа правило, тие деца завршија на 48мо место од 49 екипи во Европа, додека оваа година не пријавивте селекција за тоа првенство. Дали имате поима како се води некој спорт или таму сте за сликање ако има некој успех, коњи едни неписмени. Наместо на успехот од Литванија ние да градиме подобра иднина, вие ја закопувате кошарката. Сва среќа што конечно еден тим излезе да игра надвор од Македонија (секако најмалку по ваша заслуга), па бар таа надеж ни остана. Со вакво раководство, за 5 години можеби ни домашна лига нема да имаме. Редно време е да си фатите богослужбата и да ја оставите кошарката на некој што ја разбира и што сака да напредува. МРШ!
Извор: Brkajrabota
Извор: Brkajrabota