„Еднаш дури ми кажа да избегнувам секс. Да го следев неговиот совет ќе полудев. Едноставно, од време на време морав да живеам брзо. Тоа беше единствениот начин да останам фокусиран”, напишал олимпискиот победник, светски првак и светски рекордер на 100, 200 и 4х100 метри.
„Тајмс“ објави неколку извадовци од автобиографијата „Побрз од молњата” на Усеин Болт, а еден од најинтересните детали се однесува на загриженоста на неговиот тренер Глен Милс дека неговиот пулен би можел да западне во неволја поради слободниот дух и забавите.
Болт објаснил и како се справува со притисикот кој со себе го носи статусот на глобална ѕвезда.
„Повремените излегувања, танцувањето и забавата со пријателите ми беа издувен вентил. Тоа ми помогна да работам правилно на патеката и никој, никој не можеше да увери во спротивното”.