Шпанскиот кошаркарски ас Пау Гасол првпат по девет години си ја избричи брадата, откако го изгуби облогот со својот брат Марк.Марк и Пау се договорија во текот на летото да предводат тим од млади студенти, а лидерот на поразениот тим за возврат ќе мора да ја избричи брадата. Ѕвездата на Лејкерси загуби и го одржа зборот.