На Обама му се потребни вашите пари: Помогнете му да започне Трета светска војна?!

Неколку насмеани лица, но многу одлучни, во видео – пародија на саркастичен начин ги убедуваат гледачите преку донации да му помогнат на претседателот на САД, Барак Обама, да започне Трета светска војна, па и четврта и колку и да посака.

-Претседателот не може да започне војна без вашата помош – вели еден од нив, на начин на кој убедуваат нараторите во рекламите за производи кои едноставно мора да се купат.
-Америка нема „скрешна пара“, па затоа треба да собереме 1.500.000.000.000 долари за Владата на САД, а само вие можете да помогнете, се додава во видеото.

Со учество во финансирањето на „Третата светска војна,  а за Обама таа е исклучително важна“, во зависност од износот на пари што ќе ги уплатите, ќе бидете соодветно наградени, се вели во пародијата.

За најмалаку 10 долари, името на донаторот ќе биде објавено на социјалните мрежи.
-За малку поголема сума од сто долари, ќе бидете наградени со еден ден поминат во бегалски камп, каде што сите најверојатно ќе живееме, но ќе има и бесплатен безжичен интернет пристап – велат тие.

А најголемата награда е за донација поголема од 10 милиони долари, кога на донаторот ќе му биде на располагање сенаторот за кој гласал во текот на целата година.
Мора да признаеме, Американците имаат смисла за хумор.
За два дена видеото собра над 700 илјади посети.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О