Кога ќе им "пукне филмот" на вработените...

На многу работодавци нема да им биде сеедно кога ќе прочитаат што направиле вработените во една продавница за облека во Њујорк.

Имено, сите вработени во еден бутик одлучиле да го покажат своето незадоволство, така што во работно време ја затвориле продавницата и на шефот му оставиле порака. Причината за ваквиот гест било однесувањето на регионалниот менаџер кој на своите вработени им рекол дека "ни ракот не е доволно добар изговор".

Станува збор за продавница во Рочестер, во која вработените постојано се менуваат поради лошиот третман, а дел од нив изјавиле дека времето поминато во "Journey's" им било најлошото искуство во животот.

Во пораката од вработените стои: "Драг Џејми, со оглед на тоа дека за тебе и "ракот не е доволно добар изговор" и сметаш дека е во ред да ги навредуваш вработените, што всушност го правиш цело време, даваме отказ.

Токму твоето однесување е причината поради која вработените не можеш да ги задржиш подолго од една година. Следниот пат добро размисли пред да почнеш вака да ги третираш луѓето. Ние тоа повеќе нема да го трпиме! Ники, Џес и ТиЏеј".

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О